ПОДДРШКА НА ЕУ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија

Во срцето на мисијата на Проектот лежи посветеноста за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Проектот е креиеран да ги поддржи виталните институции кои работат во полето на правосудството, спроведувањето на законот, напорите за борба против корупцијата и промоцијата и заштитата на основните и човековите права. Истиот има за цел да ги подобри нивните капацитети, ефективност и влијание користејќи сеопфатен пристап.

ЦЕЛИ

Проектот е структуриран околу четири конкретни цели, кои често се нарекуваат компоненти, кои се тесно поврзани.

Подобрување на капацитетите на правосудните институции за остварување правда на транспарентен и одговорен начин

Зајакнување на капацитетите за ефикасно спроведување на современи техники за истрага во борбата против организираниот криминал

Подобрување на превенцијата и борбата против корупција

Зајакнување на заштитата на основните права

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

За да се постигнат целите, Проектот има наведено сеопфатен план, вклучувајќи:

 

  • Стратегиска советодавна поддршка: Обезбедување насоки за правосудниот систем за зајакнување на капацитетите на правосудниот сектор во голем број на области, понатамошно развивање на знаењето за ИКТ и судска обука, подобрување на ефикасноста на правосудниот сектор и обезбедување поддршка во спроведувањето на законодавството поврзани со судии и јавни обвинители, вклучително и управување со предмети и оценување на работата;

 

  • Градење на капацитети за спроведување на законот: Подобрување на истражните, административните и техничките капацитети на органите за спроведување на законот конкретно поврзани со сериозен и организиран криминал и корупција, зајакнување на полициското работење водено од разузнавањето и подобрување на капацитетот за анализа на криминалната средина;

 

  • Спречување на корупција: Обезбедување стратешка поддршка за работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и методолошка поддршка за ефикасно спроведување на нејзиниот мандат, подобрување на спречувањето на корупцијата во јавните набавки;

 

  • Зајакнување на човековите права: Зајакнување на капацитетите на телата за човекови права, опфаќање на политиката за правата на детето и системот за заштита на децата, родовата дискриминација, спречување на насилство и подигање на свеста за човековите права и институциите што ги штитат, подобрување на системот за пробација и неговата примена.

ПРИСТАП ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

Проектот го нагласува градењето капацитети преку практична обука на работното место за дефинирани целни групи. Активностите се креирани во тесна соработка со крајните корисници за да се обезбеди одржливост преку внесување на знаења и вештини во нивното практично работење.

ИНСТИТУЦИИ ВО ЗЕМЈАТА КОРИСНИК

Проектот има за цел да соработува со голем број на јавни институции, вклучувајќи владини агенции, независни институции, регулаторни тела, меѓувладини организации, чинители од приватниот сектор и други субјекти од суштинско значење за ефективно функционирање на правосудниот систем, спроведување на законот, спречување на криминал, напорите за антикорупција и заштитата и унапредувањето на човековите права.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

Времетраењето на проектот ќе биде 36 месеци со предвидено продолжување за уште 6 месеци, со вкупен буџет од 10,25 милиони евра. „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ е финансиран од Европската Унија, а договорниот орган е Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Skip to content