Зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија
Во срцето на мисијата на Проектот лежи посветеноста за зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Проектот е креиеран да ги поддржи виталните институции кои работат во полето на правосудството, спроведувањето на законот, напорите за борба против корупцијата и промоцијата и заштитата на основните и човековите права. Истиот има за цел да ги подобри нивните капацитети, ефективност и влијание користејќи сеопфатен пристап.
Проектот е структуриран околу четири конкретни цели, кои често се нарекуваат компоненти, кои се тесно поврзани.
Подобрување на капацитетите на правосудните институции за остварување правда на транспарентен и одговорен начин
Зајакнување на капацитетите за ефикасно спроведување на современи техники за истрага во борбата против организираниот криминал
Подобрување на превенцијата и борбата против корупција
Зајакнување на заштитата на основните права
За да се постигнат целите, Проектот има наведено сеопфатен план, вклучувајќи:
Проектот го нагласува градењето капацитети преку практична обука на работното место за дефинирани целни групи. Активностите се креирани во тесна соработка со крајните корисници за да се обезбеди одржливост преку внесување на знаења и вештини во нивното практично работење.
Проектот има за цел да соработува со голем број на јавни институции, вклучувајќи владини агенции, независни институции, регулаторни тела, меѓувладини организации, чинители од приватниот сектор и други субјекти од суштинско значење за ефективно функционирање на правосудниот систем, спроведување на законот, спречување на криминал, напорите за антикорупција и заштитата и унапредувањето на човековите права.
Времетраењето на проектот ќе биде 36 месеци со предвидено продолжување за уште 6 месеци, со вкупен буџет од 10,25 милиони евра. „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ е финансиран од Европската Унија, а договорниот орган е Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.