КОМПОНЕНТА 1
Компонентата 1 има за цел да обезбеди поддршка на правосудниот сектор во форма на советување, менаџмент поддршка, помош за понатамошен развој на системи за управување со ИКТ и обуки за судии и јавни обвинители. Правосудните институции ќе бидат поддржани да ги исполнат своите мандати во согласност со европските стандарди, како што се препораките на Венецијанската комисија, ГРЕКО и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото, како и во согласност со Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027. Имајќи ја предвид динамиката на процесот на пристапни преговори, проектот ќе функционира како ресурс и капацитет на знаење за да им помогне на македонските правосудни институции низ овој процес. Посебно внимание ќе се посвети на функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како органи на управување; Академијата за судии и јавни обвинители како единствена точка за влез во професиите; Министерството за правда во однос на спроведувањето и следењето на Стратегијата за реформи во правосудството; Совет за ИКТ во правосудните органи за поддршка на Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија на правосудниот сектор и Адвокатската комора како организација за адвокати.