Северна Македонија ги унапредува реформите во правосудството преку совети од екпсерти и соработка со засегнатите страни

Преку заедничка соработка Министерството за правда побара експертиза од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ за да се обезбеди увид во нацрт-развојната секторска стратегија за правосудство 2023- 2027.

Посветен тим од експерти го анализираше нацрт-документот од три најзначајни перспективи: обезбедување усогласеност со националните правила и стандарди за стратешко планирање, решавање на клучните предизвици идентификувани од Европската комисија и воспоставување ефективна рамка за спроведување и следење.

Експертите ги посочија областите кои се клучни за подобрување на стратегијата. Тие ја истакнаа важноста од спроведување на сеопфатна анализа на ситуацијата за да се откријат основните причини за проблемите, повикаа на јасна хиерархија во стратешката рамка и ја истакнаа потребата од транспарентен систем за следење.

„Проектот ќе го поддржи Министерството за правда во финализирањето на нацртразвојната секторска стратегија за правосудство 2023-2027. Сметаме дека сеопфатна и добро конципирана стратегија со јасни, остварливи и мерливи цели е од најголема важност за обезбедување независно и непристрасно судство“, изјави Гоце Коцевски, експерт на проектот.

Многу важно достигнување во однос на унапредувањето на Развојната стратегија за реформи во правосудството 2023-2027 беше остварено на клучната средба, која се оджа на 19 октомври 2023 година, во хотел Холидеј Ин Скопје. Членовите на работната група одговорна за оваа стратегија се собраа за да ги разгледаат прелиминарните насоки дадени од експертскиот тим. Многу различни чинители вклучувајќи ги правосудните институции, правни професионални организации и групи од граѓанското општество, активно учествуваа презентирајќи ги своите перспективи.

Судијата Ѓорѓи Андонов, претседател на Основниот суд во Штип, како претставник на Здружението на судии, ја истакна важноста на оваа стратегија за унапредување на правосудниот сектор во Република Северна Македонија.

„Стратегијата е од особено значење за развојот и унапредувањето на правосудниот сектор, патоказ кој јасно ги дефинира остварливите цели и ќе биде „домашна задача“ за сите чинители во процесот. Ова е предизвик на кој мора да одговориме за да се приближиме до ЕУ“.

Во текот на средбата, учесниците ја нагласија итната потреба за практична и остварлива стратегија која директно ќе се справува со предизвиците со кои се соочува правосудството во Северна Македонија. Атмосферата вклучуваше динамични дискусии и заедничко носење одлуки.

Овој заеднички потфат ја истакнува важноста на експертските насоки и заеднички напори за изнаоѓање на подобри решенија за унапредување на правосудниот систем во Северна Македонија.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content