Што работиме

АНТИКОРУПЦИЈА

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА И БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Главната цел на Компонентата 3 е да обезбеди стратешка и методолошка поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата

Компонентата е посветена на подобрување на спречувањето на корупцијата преку креирање на нови или подобрување на постоечките методи, алатки и регулативи во борбата против корупцијата и подигање на свеста за нив.

КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

Обезбедување стратешка поддршка за работењето на ДКСК

ДКСК ќе добие стратешка поддршка за спроведување на нејзиниот мандат, зајакнување на административните капацитети преку обука и поттикнување на националната и меѓународната соработка.

Подобрување на контролата и верификацијата на изјавите за имотна состојба

Поднесувањето на изјавите за имотна состојба ќе се модернизира и ќе се подобри спроведувањето на Законот за лобирање и ограничувањата за подароци и ќе се изготват е-модули.

Подобрување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи

Ќе се подобри транспарентноста на финансирањето на политичките партии и ќе се подобри работата на Бирото за јавни набавки и ДКСК преку помош во развојот на системот за е-тракер.

Подобрување на спроведувањето и подигањето на свеста на Законот за лобирање

Ќе се оценува имплементацијата на новиот Закон за лобирање и кај чинителите од приватниот сектор и кај јавните институции за да се идентификуваат слабостите и/или нејаснотијата и да се предложат потребните измени.

КОМПОНЕНТА 3

Успешното спречување и борба против корупцијата е од суштинско значење за одржување на владеењето на правото и довербата во оние кои владеат и во јавните институции. Затоа, клучна компонента на овој проект е подобрувањето на антикорупциските напори. Преку комбинација на нови ИКТ алатки и механизми, програми за обука и подобрени регулативи, проектот се обидува да ја подобри способноста за идентификување и ублажување на ризиците од корупција и зголемување на ефикасноста во спречувањето на корупцијата. Со тоа, не само што ги зајакнува институциите, туку и ги штити јавните интереси и ги намалува загубите поврзани со корупцијата.

 

СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

 

  • Стратегиски менаџмент и изработка на методологија во Државната комисија за спречување на корупцијата.
  • Обезбедување правни и структурни препораки за подобрување на спречувањето на корупцијата во различни области.
  • Фокусирање на дигитална интероперабилност и национална институционална соработка.
  • Спроведување и подигање на свеста за Законот за лобирање и во јавниот и во приватниот сектор.
  • Зајакнување на транспарентноста и контролата на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи.
  • Спречување на корупција во јавните набавки.
  • Изработка на спецификации за системот e-tracker, врз основа на сегашниот систем за отворени финансии во Министерството за финансии и ИКТ систем во Државната комисија за спречување на корупцијата.

ТИМОТ

PRAH Roman

Лидер на компонента

ГРАМАТОВА - ЉУБЕН Сашенка

Асистент на компонента

БЕЖАНИ Ералд

Експерт за антикопрупција

ИНСТИТУЦИИ ВО ЗЕМЈАТА КОРИСНИК

Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда и Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење како и други органи кои се занимаваат со спречување на корупцијата како што се: Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки, Државна изборна комисија, Секторот трезор во Министерството за финансии, Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Агенција за заштита на лични податоци

Skip to content