Градење доверба и издржливост за сигурна дигитална иднина

Како што Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се подготвува да имплементира нови ИКТ решенија, императивот за цврста рамка за заштита на податоците стана очигледен. Во проактивен потег, ДКСК соработуваше со Проектот за да создаде сеопфатна методологија која обезбедува законска усогласеност и ја зголемува безбедноста на информациите.

„Како компонента придонесуваме со обезбедување на нацртот на оваа рамка. И помага на институцијата да спроведе мерки со цел да ги заштити податоците, да ги почитува законите за заштита на податоците и да ја задржи довербата на граѓаните. Им помагаме на ДКСК да одржува безбедна и доверлива средина за управување со податоците“, вели Ералд Бежани, долгогодишен експерт за антикорупција.

ДКСК побара од тимот на Компонента 3 итно да ја поддржи Рамката за заштита на податоци со следните суштински компоненти.

Методологијата за проценка на влијанието врз личните податоци не само што го олеснува почитувањето на законите за приватност на податоците, туку и ги идентификува и ублажува ризиците поврзани со личните податоци.

Во доменот на непредвидените предизвици, подготвеноста на ДКСК се истакнува преку Планот за одговор на инциденти обезбеден од тимот на Компонента 3. Како следен чекор, тимот на ДКСК ќе ја донесе рамката за усвојување на Колегиумот. Овој прецизен водич ја опремува организацијата за брзо откривање, решавање и опоравување од сајбер закани или итни случаи. Правилникот за заштита на податоците и насоките за управување со пристап дополнително ја зацврстува посветеноста на ДКСК. Откако ќе бидат усвоени, овие мерки, прецизно дизајнирани и ригорозно спроведени, ќе дејствуваат како бедем против прекршување на податоците и неовластен пристап.

In the near future, SCPC’s journey of achievement will revolve around foresight, collaboration, and careful preparation. Thanks to its all-inclusive approach, SCPC will enhance its reputation as a reliable and accountable organization, ready to take the lead with confidence in the digital age.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Северна Македонија ги унапредува реформите во правосудството преку совети од екпсерти и соработка со засегнатите страни

Преку заедничка соработка Министерството за правда побара експертиза од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ за да се обезбеди увид во нацрт-развојната секторска стратегија за правосудство 2023- 2027.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content