The main office of the “EU Support for the Rule of Law” project was filled with a positive atmosphere as the impactful online campaign for children’s rights reached its conclusion. The campaign, spearheaded by the enthusiastic young participants, aimed to raise awareness of children’s rights, marking the 30th anniversary of the ratification of the Convention on the Rights of the Child in North Macedonia.
Во чест на нивното активно вклучување во подигањето на свеста за правата на децата, секое дете доби беџ од проектот и персонализиран постер со нивната изјава. Овие млади застапници се појавија како вистински поборници за правата на детето, со силно влијание и на нивните сограѓани, и на младите и на возрасните. Нивните пораки служеа како убедлив потсетник за нашата заедничка обврска да обезбедиме безбедно и безгрижно детство, како што гарантира Конвенцијата.

Онлајн кампањата, организирана во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител траеше 15 дена и беше спроведена преку официјалните социјални медиумски канали на проектот, профилите на Facebook и LinkedIn. Децата од шест основни и средни училишта низ земјата ги споделија своите вистински перспективи за човековите права одговарајќи на прашањето: „Што претставуваат за вас правата на детето? Нивните уникатни одговори нагласија различни аспекти како што се правото да сонуваат, да одат на училиште, да имаат пријатели, да уживаат во семејството, да имаат пристап до здравствена заштита, да играат, да учат, да бидат креативни итн.Овие искрени пораки беа смислено пренесени на онлајн постери, претставени на дигиталните платформи на проектот.
Настанот ги собра на едно место учениците, службениците од канцеларијата на Народниот правобранител, експертите од проектниот тим и претставниците на училиштата со цел да се дружат, социјализираат и да дискутираат за амбициите на децата. И додека ваквите восхитувачките напори на овие млади застапници се за поздрав, да продолжиме колективно да се бориме за соништата и правата на нашите деца.





