Зајакнување на правосудството: Претседателката на Врховниот суд се сретна со претставници од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со претставници од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, предводени од д-р Гжегож Борковски, лидер на Компонента 1.

На средбата што се одржа во Врховниот суд се разговараше за активностите што ќе се спроведат во насока на зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија, особено во делот на правосудните институции.

Претседателката на Врховниот суд истакна дека соработката во рамките на проектот е исклучително важна за судството во Република Северна Македонија, како и за континуираните заложби поврзани со унапредување на независноста, ефикасноста, квалитетот на правдата, транспарентноста и меѓународната соработка. Во таа насока, Адеми ги презентираше активностите на Врховниот суд во однос на унапредувањето на судската пракса, утврдувањето на принципиелни позиции нотирани во меѓународните извештаи, примената на европските стандарди, работата на Советот за отворено судство итн.

Како искусен судија, правен експерт и претставник на проектот, д-р Гжегож Борковски, истакна дека посветеноста на Врховниот суд на Република Северна Македонија говори за посветеноста на највисокиот суд во земјата кон фундаменталните прашања на функционирањето на судството следејќи ги принципите на независност, ефикасност и транспарентност.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content