Посебни обуки и стратегии за соработка со Финансиската полиција

Директорот Горан Иванов оствари работен состанок со Роберт Шплајт од Република Словенија, Лидер на Компонента 2 од проектот „ Поддршка на ЕУ за Владеење на Правото ” во насока на зајакнување на ефективноста и ефикасноста на институцијата.

„Ќе биде многу корисно за полициските оперативци од Финансиската полиција да имаат можност за отворена дискусија и споделување искуства со експертите од словенечката полиција. Секоја обука ќе биде прилагодена како дел од активностите предвидени со проектот“, вели Роберт Сплајт.

На средбата дополнително беше истакната важноста и придобивките од вклученоста во овој проект. Сплајт и Иванов разговараа и за поддршката на вработените на теми од областите на надлежност на Управата за финансиска полиција.

И директорот и лидерот на компонентите се согласија дека владеењето на правото е клучен предуслов за добра економија, економски раст и развој.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content