Повик за локален експерт/ка во Компонента 1

Проектот „ЕУ Поддршка за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, се објавува повик за ангажирање на локален краткорочен експерт/ка (Local Short-Term Expert) за подготовка на правна анализа и изработка на нов Деловник за работа на Судскиот совет.

Ангажманот се реализира во рамки на активностите насочени кон унапредување на капацитетите на правосудните институции за транспарентно и отчетно функционирање, согласно европските стандарди. Целта на задачата е да се обезбеди усогласување на постојните процедури на Судскиот совет со новата законска рамка и релевантните препораки на Европската Унија.

За сите заинтересирани, повикот е отворен до 3 мај 2026 година.

Дознајте повеќе на овој ЛИНК.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ги едуцираше застапниците за човекови права преку обука за спречување на дискриминација и унапредување на еднаквоста

Во октомври, Компонентата 4: Основни и човекови права на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ја започна програмата за обуката на обучувачи „Уметност на обуката и партиципативното олеснување за спречување на дискриминација и унапредување на еднаквоста“.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content