Споделување на најдобрите практики и иновативни стратегии во борбата против корупцијата од страна на експерти од словенечката полиција, како и иницирање на институционална соработка во антикорупциските политики на Северна Македонија е заклучокот од настанот„Здружени против корупцијата: Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот во борбата против корупцијата“ организиран од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Настанот беше отворен со воведното обраќање на Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на Република Северна Македонијакој истакна дека борбата против корупцијата е една од најважните точки за понатамошниот напредок на земјата. „Иако сме мала земја, повеќе од сигурен сум дека можеме да допринесеме за Европската Унија“, додаде Тошковски.

На настанот д-р Давид Смолеј и м-р Матјаж Јеркичекспертите од Словенија, ги пренесоа своите практични искуства во борбата против корупцијата во Словенија. Смолеј ја истакна важноста од правните и организациски аспекти на борбата против корупцијата во Словенија и во Европската Унија, додека Јеркич зборуваше за посебните истражни мерки во истрагите за корупциски кривични дела и како ефикасно да ги користиме. Дискусијата вклучуваше споделување на искуства и препораки за најдобрите практики од Словенија кои може да бидат реплицирани во нашиот систем. др Сашо М. Стојановски од Основното јавно обвинителство Скопје,споделувајќи ја правната рамка за делување во борбата против корупцијата во Северна Македонија. Институционалната соработка беше истакната како еден од приоритетите во борбата со корупцијата во нашата земја, а за нејзината важност пред присутните своето искуство го сподели Сервет Демири член на на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).го сподели своето искуство на оваа тема.

Средбата послужи не само како платформа за споделување на најдобрите практики и иновативни стратегии, туку и како поттик за иницирање опипливи промени во антикорупциските политики на Северна Македонија.
Настанот го модерираше м-р Мојца Кузмички, експерт за антикорупција и перење пари ангажирана на проектот.
Проектот е финансиран од Европската Унија, имплементиран од Лудвиг Болцман Геселшафт – Институт за фундаментални и човекови права (LBI-GMR), Министерство за внатрешни работи на Република Словенија, Министерство за правда, јавна администрација и дигитална трансформација на Република Хрватска,и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).






