Сакате ли да ги зајакнете вашите капацитети за справување со правните, етичките, културните и технолошките предизвици при спроведување истраги?
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” во соработка со Меѓународната Академија за борба против корупција (IACA) нуди уникатна можност за јавните службеници да можат да учат од врвни професионалци во полето на антикорупцијата.
Курсот за внатрешни истраги и истраги при коишто се користат информации од отворени извори ќе се одржува онлајн во февруари-март 2025.
Изразете го вашиот интерес на sashenka.gramatova-ljuben@rolaw.mk до 22 ноември 2024 година.
Не ја пропуштајте оваа шанса! За повеќе информации проверете на следниот ЛИНК.






