„Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ започнува со целосна посветеност и фокус на реформите

Нашата приказна започнува со визија – визија за зајакнување на посветеноста на владеење на правото во Северна Македонија. На 21 септември 2023 година го прославивме официјалното започнување на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Европската Унија јасно го изразува нејзиниот фокус и силна поддршка кон луѓето во земјата, целосно финансирајќи го овој проект со повеќе од 10 милиони евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на владеењето на правото на повеќе нивоа.

Овој проект е повеќе од само уште една иницијатива; тој е пресвртница во патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Владеењето на правото и гаранциите за истото, контролните механизми, како и интегритетот и транспарентноста на соодветните системи се од најголема важност во оваа фаза.

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, со својот говор остави неизбришлива трага на почетниот настан, велејќи: „Ова е огромна можност за решително унапредување на реформите, особено во областа на владеењето на правото. Ве повикувам сите кои работите во областа на владеењето на правото да се запознаете со стандардите и практиките на Европската Унија и да го искористите тоа како поттик за промена одвнатре. Ве повикувам сите да ја искористите ова можност сега, во интерес на граѓаните и европската иднина на оваа земја“. Овие зборови звучат како водечки принцип за патот што претстои пред нас.

На официјалниот настан присуствуваа тројца истакнати министри: Оливер Спасовски (министер за внатрешни работи на Северна Македонија), Кренар Лога (министер за правда на Северна Македонија) и Jovanka Trenchevska (министер за труд и социјална политика на Северна Македонија). Нивното присуство го нагласува значењето на проектот и нивната силна посветеност на неговиот успех, влевајќи решителност во нашата мисија.

Нашиот пристап е се заснова на соработка и партнерство, како што истакна Патриција Муси-Мајлер, административна директорка на „Лудвиг Болцман Геселшафт“ - Институт за фундаментални и човекови права (LBI-GMR). Таа изјави: „Овој проект ќе биде ефективен и одржлив затоа што навистина ќе работиме заедно со нашите македонски партнери: преку блиска соработка, на дневна основа и со подеднаков придонес од сите инволвирани страни“. Оваа посветеност на еднаквост и единство е основата на нашата приказна.

Нашиот извонреден тим е предводен од тим лидерот Дитер Шиндлауер,, кој на настанот ги претстави основните компоненти на проектот, посочувајќи го планот за трансформацијата што претстои.

Во следните три години си поставивме амбициозни цели. Ние сме непоколебливи во нашата посветеност да ги поддржиме нашите партнери во Северна Македонија да го зајакнат правосудниот систем, да влеат доверба во спроведувањето на законот, да се спротивстават на корупцијата со стабилна решителност и да ги заштитат основните и човекови права на секој граѓанин. Ова не се само цели; тоа се ветувања што имаме намера да ги исполниме.

Започнувајќи со овој проект, ние сме поттикнати од чувство за цел, визија за позитивни промени и посветеност кон успех. Годините што претстојат се полни со потенцијал за трансформација и напредок, а ние сме привилегирани да бидеме дел од него, да работиме на зајакнување на владеењето на правото и влевање доверба кај граѓаните во Северна Македонија. Нашиот проект не е само почеток; тоа е ветување за поддршка за подобра иднина за сите.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

0% Corruption – Let’s Make It True!

Corruption is not only an injustice to the individual, but it is also one of the most serious problems that undermines the foundations of the legal system, slows down economic

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Skip to content