Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ во соработка со Меѓународната антикорупциска академија (International Anti-Corruption Academy (IACA) со особено задоволство им нуди на ограничен број државни службеници можност да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на борба против корупцијата преку Одговорна и етичка употреба на вештачка интелигенција за спречување, откривање и гонење корупција и управување со интегритет, кој започнува на 14 септември 2026 година.
Дополнителни детали за оваа можност се достапни во документите подолу.
Заинтересираните кандидати се поканети да го изразат својот интерес во апликацијата/мотивациското писмо на англиски јазик и да го испратат на следната е-пошта: sashenka.gramatova-ljuben@rolaw.mk не подоцна од 15 мај 2026 година.
IACA ЧЕТВРТИ КУРС






